Кинескиот претседател Сји Џинпинг им рекол на воените претставници надлежни за Јужното Кинеско Море да бидат подобро „подготвени за војна“, во време кога растат тензиите со САД. Пекинг можеби ќе влезе во најлошото сценарио со Америка, пренесува РТ.

Сји ги искажал овие зборови минатата недела за време на посетата на Јужната команда со воените претставници на една од петте стратегиски воени зони на Кина.

„Неопходно е да ја зајакнете својата мисија…и да се концентрирате на подготовка за војна. Мораме да ги имаме предвид сите комплексни ситуации и да направиме планови за вонредна состојба“, рекол претседателот Сји.

Кинескиот претседател истакнал дека треба да се засилат воените вежби, да има заеднички вежбовни активности како и спроведување вежби за подобрување на капацитетите на војниците и да се спроведат подготовки за војна.

Командантот на американските поморски операции, адмирал Џон Ричардсон, изјави денес дека САД и Кина „ќе се среќаваат се повеќе и повеќе на отворено море“, додека двете нации се конфронтираат во Јужното Кинеско Море.

Пораките на Сји се знак дека кинеската влада веќе не може да ги акумулира политиките на администрацијата на Доналд Трамп, смета Виктор Гао, директор на кинеската Национална асоцијација за меѓународни студии.

-САД ја притискаат Кина насекаде, ја навредуваат, наметнуваат еднострани санкции на кинескиот извоз и ја означуваат Кина како ривал и најголема закана за опстанокот на САД. Сји се подготвува за најлошото сценарио“, изјави Гао за РТ.