Американскито претседател Доналд Трамп пред малку ја откажа средбата со рускиот претседател Владимир Путин на самитот Г 20 во Аргентина. Ваквиот развој на настаните доаѓа по бомбастичното признание на поранешниот адвокат на Трамп , Мајкл Коен дека лажел за руската вмешаност во изборите во САД.

Трамп со Путин требаше да разговараат за најновиот развој на настаните во Украина и апсењето на украинските бродови од страна на руските краjбрежни власти во неделата, по што Украина прогласи вонредна состојба.

,Поради фактот дека бродовите и морнарите се уште не се вратени од Украина во Русија , решив дека не би било најдобро за сите страни , па поради тоа го откажувам претходно закажаниот состанок,  напиша Трамп на Твитер.

Пред изјавата на неговиот поранешен адвокат пред судот во Менхетн , Трамп исто така на Твитер објави

 Во Аргентина со претседателот Владимир Путин , очекувам суштински самит и што побрзо разрешување на состојбата! “ , напиша денеска Трамп.