Жена  која изутринава  се забарикадирала во банка во гратче на југот на Франција и се закануваше  дека се ќе дигне во воздух, се предала на полицијата, пренесуваат светските агенции.

Инцидентот се случи во градот Алес околу 10 часот утрово , кога во банката влегла жена на околу 60 години . На грбот носела ранец и им се заканила на вработените дека се ќе дигне во воздух.

Вработените избегале од банката , а жената се забарикадирала во просторијата. На самото место пристигнаа специјални единици на полицијата.  Целото подрачје беше блокирано до попладнево. Како што јавва Франс прес, жената чие име не е соопштено, а која изјавила дека имала бомпа во торбата, всупност не била наоружана. Полициските извори наведуваат дека немала ексползивна направа, зборувала неповрзано и затоа е однесена на присхијатриски прегледи