Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека на барање на демократите ја одложил масовната депортација на илегалните мигранти, што беше планирана за денеска.

Трамп им даде рок од две недели на демократите и републиканците во Конгресот да се договорат за решавање на проблемите на јужната граница на САД, а во спротивно ќе нареди спроведување на депортацијата.

На барање на демократите го одложив процесот за отстранување на илегалните мигранти (депортација) на две недели, за да видам дали демократите и републиканците можат да седнат и заедно да изнајдат решение за проблемите со азилот и дупките на јужната граница. Доколку не можат, почнува депортацијата! – напиша Трамп на Твитер.


Американскиот претседател вчера им нареди на надлежните служби да спроведат масовна депортација на мигрантите на кои им е наложено да заминат од САД. Според американските медиуми, со планирата депортацијата требаше да бидат опфатени околу 2.000 семејства од дестина големи градови од САД.