Хаотични сцени се одиграа во и околу еден од најголемите германски рудници за лигнит, кога стотици активисти за заштита на животната средина облечени во бели комбинезони ги пробија кордоните и се судрија со полицијата за растурање протести.

Демонстрантите влегоа во површинскиот рудник управуван од енергетскиот гигант „RWE“ во државата Северна Рајна Вестфалија, во саботата, барајќи итно дејствување во врска со климатските промени за да ја направи Европската унија јаглеродно неутрална.

Игнорирајќи ги предупредувањата на полицијата дека рудникот е склон кон лизгање на земјиштето и дека активистите би можеле да предизвикаат одрони, демонстрантите ги пробија полициските кордони. Што потоа се случуваше не може целосно да се опише со зборови, затоа видеото покажува се. Пред се храброста на активистите.

Демонстрантите, кои ги здружија силите со климатското движење „Петок за иднината“, се лути на темпото на укинувањето на јагленот во Германија, што се планира за 2038 година.

Ништо помалку од нашата иднина е во прашање. Ние дефинитивно нема да чекаме до 2038 година да го отстраниме јагленот, сега делуваме“, рече Нике Малхаус, портпаролка на движењето.