Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер го искритикува гувернерот на Европската централна Банка, Марио Драги, поради манипулација со курсот на еврото.

Марио Драги штотуку објави можност од дополнителен стимул што предизвика пад на курсот на Еврото во однос на Доларот, овозмоувајќи им полесно да конкурираат со САД, напиша Трамп по изјавата на гувернерот на ЕЦБ.

Американскиот претседател посочи дека „на Европјаните тоа им успева со години, исто како и на Кина и на другите“.

Драги денеска изјави дека ЕЦБ може повторно да ја омекне монетарно-кредитната политика и да ги намали каматите. Се разгледува и можноста од купување на активи, ако растот на цените не се врати до таргетот од 2 отсто.