Руски борбени авиони Су-27 на двапати на јужните и западни воздушни граници пресретнале американски бомбардери Б-52, соопшти руското Министерство за одбрана. Пресретнувањата биле над Балтичкото и над Црното Море, пренесува МИА

Министерството потврди дека вчера двапати биле пресретнати американски стратешки бомбаредери, без да наведе точен број на авиони.

„Американските авиони не кршеле гранични прописи, руските пилоти ги оддалечиле американските бомбардери мирно и во согласно меѓународните правила“, соопшти Министерството