Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека ја повлекува идејата САД да наплатуваат по 2.000 долари за секој евакуиран патник од Кабул.
Првично тој соопшти дека се очекува со американски летови за една вечер од Авганистан да бидат евакуирани 6 илјади лица и оти тоа ќе чини по 2.000 долари по човек, пренесе „Политико“.
Во четвртокот медиумот ја цитираше изјавата на Консултативниот совет за прекуморска безбедност на Стејт департментот дека „постојаните државјани на САД можат да поднесат молба за добивање заем за репатрирањето“. Уште се додава дека „летовите за евакуација не се бесплатни и од патниците ќе се бара да потпишат договор за заем, зашто постои можност нивните пасоши да не им бидат вратени додека заемот не биде исплатен. Цената може да биде 2.000 долари или повеќе по човек“.
Директорот за комуникации на Херетиџ фондацијата, Џон Купер, на Твитер цитираше изјава на лице вратено во САД, кое тврди дека Стејт департментот од него побарал сума од 2.000 долари и оти странските државјани требало да платат дури и повеќе.
-Сакате да побегнете од талибанците? Тоа ќе чини толку за колку што сте биле изнајмени, напиша Купер.
Анонимен вработен во Стејт департментот првично во „Политико“ ја оправда идејата, изјавувајќи дека „законите на САД бараат, финансиската помош за евакуација на државјани на САД или на граѓани на трети земји да се обезбеди врз основа на нивната способност до максимум да го надоместат износот“.
По кампањата на социјалните мрежи, Прајс, меѓутоа, го повлече барањето.
-Во вакви вонредни околности немаме намера да бараме компензација од оние, кои бегаат од Авганистан, изјави Прајс за „Њујорк пост“.
Некои цивилни авиокомпании се уште се достапни за луѓето, кои сакаат да избегаат од Авганистан. На пример Air India настојува да ги продолжи своите активости додека аеродромот во Кабул се уште е отворен. Билетите во еден правец до Њуделхи за летот во недела чинат по 147 долари.
Comments are closed for this post.