Бројот на посетители во ноќниот клуб во италијанскиот град Кориналдо, каде во стампедо загинаа шест лица, бил над максимално дозволените, согласно пропишаните безбедносни стандарди, изјави денеска министерот за внатрешни работи Матео Салвини.

Инспекторите веруваат дека во клубот имало повеќе луѓе од дозволеното. Неприфатливо е некој да загина на 14-годишна возраст, истакна Салвини.

Петмина тинејџери на возраст меѓу 14 и 16 години и една 39-годишна жена починаа во инцидентот.

Трагедијата се случи во еден часот по локално време, во ноќниот клуб „Лантерна аѕура” во гратчето Кориналдо. Околу 1.000 луѓе, повеќето од нив млади, биле во клубот поради настапот на италијанскиот рапер Сфера Ебаста.