Бенгалски тигар нападна две момчиња на мотор на автопат во Индија, но мотоциклистите за влакно успеаја да се спасат од канџите на животното.

Нападот, забележан од камерата на совозачот на моторот, се случил на пат во близина на националниот парк „Нагархоле“, што е еден од најважните резервати на тигри во Индија.