Во Киев, ноќта меѓу 2 и 3 јануари, дошло до тепачка меѓу 26-годишен припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петр Порошенко, Василиј Хмељук, и минувач, кој шетал две кучиња.

Телохранителот добил удар во главата, по што паднал и подоцна починал.

Како што пишуваат медиумите, осомничениот за убиство е познатиот украински боксер Петро Очертјани и сега му се заканува казна од 15 години затвор. Снимката од убиството на телохранителот на украинскиот претседател е објавена на интернет.