Најмалку пет луѓе се ранети при експлозија на поставена бомба на автобуска постојка во главен град на Чиле, Сантијаго.

Експлозијата се случила околу пладне по локaлно време, кога минувач допрел торба оставена на автобуската постојка на една од главните сообраќајници во чилеанската престолнина, авенијата „Бенхамин Викуња Макена“.

Градоначалничката на Сантијаго, Евелин Матеј, изјави дека во овој случај постоела „јасна намера да се предизвика штета“.

Одговорност за експлозијата презеде еко-терористичката група Индивидуалци кои тежнеат кон дивината (ИТС).