Светската здравствена организација објави дека лековите ремдесивир, хидроксихлорокин, лопинавир / ритонавир и производи на интерферон даваат малку или воопшто не даваат резултати во борбата против вирусот Ковид-19.
Студијата за лекови е спроведена во повеќе од 30 земји и се заснова на проучување на ефектите од терапијата врз целокупната смртност, започнување на вентилација и времетраење на престој во болница кај хоспитализирани пациенти, пренесува TАСС.
Многу земји, вклучувајќи ги САД, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Израел и Велика Британија, ги користат тие лекови за лекување на коронавирусот.
Ремдесивир е првенствено наменет за третман на хепатит Ц и респираторен синцицијален вирус, а проучен е и неговиот ефект во третманот на ебола, но во тој случај не покажал ефикасност.
Comments are closed for this post.