Светската здравствена организација ги ажурираше насоките за лековите кои би требало да се користат во лекување на заболените од коронавирус. Тие советуваат антивирусниот лек Ремдесивир да не се користи кај хоспитализираните, без оглед на тоа колку тешка е нивната состојба.
Ваквата препорака доаѓа еден месец откако американската Управа за храна и лекови го одобрила лекот Ремдесивир за лекување на инфекцијата. Лекот станал првиот третман против коронавирусот кој добил одобрение од ФДА, меѓутоа не и препорака од СЗО.
Причината поради која СЗО е внимателна е истражувањето кое на почетокот укажувало на одредена корист од овој лек, но со повеќе насобрани информации се утврдува дека нема доволно докази за неговата делотворност.
Препораката која е донесена против Ремдесивир се базира на податоците од 4 испитувања во кои учестувале 7.333 хоспитализирани лица со коронавирус, лица кои преживеале Ковид и 24 експерти.
„Фактот дека овој антивирусен третман покажал одредена корист во некои случаи беше доволен луѓето да почнат да го користат затоа што немаме доволно алати за борба против новиот вирус, но сметам дека Ремдесивир наскоро ќе биде заменет со нов третман“, рекла Амесх Адалја, научник од Џонс Хопкинс центарот.
Comments are closed for this post.