25 против два на видео-самитот ЕУ: Полска и Унгарија ја блокираат корона-помошта поради сопствени интереси. Канцеларката Меркел треба да најде излез од блокадата, пишува Дојче веле.

Доколку Полска и Унгарија останат на своите позиции, средствата од Фондот за реконструкција нема да можат да се исплатуваат од јануари 2021 година, како што првично беше планирано. Ова особено ќе ги погоди земјите на југот на Европа, кои страдаа многу поради вирусот корона. И пред вчерашниот виртуелен самит, Виктор Орбан изјави дека тоа не го засега. Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, инсистира на планираното спроведување на исплатите од Фондот. Од холандската делегација дојде предлог буџетот да биде усвоен од 25 земји, а Унгарија и Полска да останат настрана. Тие посочија дека тоа ќе биде комплицирано, но технички изводливо.

Целиот текст овде.