Светската здравствена организација соопшти нови детали за мутациите од новиот коронавирус кој окупира безмалку 100 земји.

Имено, како што потенцираат од таа институција, британскиот сој е пријавен во вкупно 94 земји, додека пак јужноафричкиот сој во 46.

Високозаразниот сој на ковид-19 во септември се појави во Велика Британија а во текот на минатата недела е откриен во уште осум земји со што вкупниот број скокна на 94.

Од СЗО сепак убедуваат дека новите мутации на вирусот нема да предизвикаат нова пандемија.

Неодамна регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге изјави дека ширењето на различни соеви вирус нема да предизвикаат нов бран на пандемијата.

Тој во интервју за шпански „Паис“ рекол дека новите соеви се болен потсетник дека вирусот и понатаму ги погодува луѓето.

Клуг, меѓутоа нагласи дека не се работи за нов вид на вирус, туку дека мутацијата е нормална еволуција на секој патоген кој се обидува да се прилагоди на „домакинот“односно на човекот.

Ова не е почеток на нова пандемија , но мораме да бидеме многу внимателни-предупредил Клуге.