Неколку десетини илајди православни верници влегоа во студените води на Златниот рог во Истанбул за да ја продолжат традицијата на Богојавление за вадење на светиот крст. Овој христијански празник, Цариградската патријаршија го одбележува на 6 јануари според новојулијанскиот календар.

Како почесни гости на свеченоста учествуваа и украинскиот претседател, Петро Порошенко и поглаварот на новопризнатата Украинска православна црква, митрополитот Епифаниј. Службата ја водеше вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој го фрли дрвениот крст во водите на Златниот рог.

Прв до крстот доплива Михалис Вознакидис од Грција, додека останатите верници го целуваа крстор пред тој да биде изнесен на брегот.

Greek Orthodox faithful Michalis Vosnauidis, right, a pilgrim from Thessaloniki, Greece, retrieves a wooden crucifix as he swims in the Golden Horn during the Epiphany ceremony in Istanbul, Sunday, Jan. 6, 2019. (AP Photo/Lefteris Pitarakis)

Церемонијата во Истанбул се одржа откако вселенскиот патријарх Вартоломеј го потпиша томосот, односно документот за враќање на афтокефалноста на Православната црква на Украина, која досега беше под управа на Московската патријаршија.

Руската црква и официјална Москва, ваквото признавање го сметаат за политички чин.