Малезискиот крал Мухамед Пети се откажа од тронот  по само две години владеење. Од кралската палата соопштија  дека одлуката стапува на сила  веднаш  и на тој начин предвреме се прекинува  неговиот петгодишен мандат. Не се наведени причините  за таквата  одлука.

Султанот  Мухамед Пети, владетел на североисточната држава Келантан, беше назначен за крал во декември 2016 година и беше еден од најмладите малезиски уставни монарси.

Според медиумите, тој се оженил во ноември со 25-годишен руски, поранешен модел. Руските и британските медиуми, како и социјалните мрежи, објавија слики од нивната венчавка што  најверојатно  се одржала  во Москва.

Според единствениот систем што постои откако Малезија во 1957 година доби независност од Обединетото Кралство, деветте наследни владетели на малезиските држави се префрлуваат на кралскиот трон на секои пет години.

Според единствениот систем што постои откако Малезија во 1957 година доби независност од Обединетото Кралство, деветте наследни владетели на малезиските држави се менуваат  на кралскиот трон на секои пет години.