Двајца сведоци на крвавиот терористички напад на Керч колеџот на Крим, за руската телевизија „РТ“ изјавиле дека за време на експлозијата имало интензивна престрелка со неколкумина маскирани напаѓачи, коишто трчале околу зградата и убивале студенти.
Имаше експлозија, сите прозорци беа искршени. Тогаш вооружени луѓе почнаа да трчаат наоколу и да пукаат по кого ќе стигнат – изјавил еден професор на колеџот.
Еден студент го потврдува присуството на маскираните напаѓачи, за коишто вели дека истрчале од тоалетите веднаш по експлозијата.
Ги имаше многу, не можам да кажам бројка. Пукаа кон студентите и кон професорите, на секој што ќе им се најдеше на патот. Исто така фрлаа и експлозив – изјавил студентот.
Засега бројот на жртви се искачи до 18, додека десетици се повредени и пренесени во болница.
BREAKING: #Russia‘s Investigative Committee considers #Kerch #explosion as ‘terror attack’ #Crimea pic.twitter.com/c9Lyj2OeHb
— Ruptly (@Ruptly) October 17, 2018
Military vehicles at scene of #Crimea college attack#Kerch pic.twitter.com/jsHlYCoDRu
— Ruptly (@Ruptly) October 17, 2018
Comments are closed for this post.