Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја прифати позицијата на Чешка за задолжителна вакцинација на децата, се нагласува во историска пресуда објавена денеска со која се отфрлаат тужби на родители за кршење на нивните родителски права. Ова е прва пресуда на Европскиот суд за човекови права по тужба против задолжителното вакцинирање на деца против детски болести и не може да се поднесе жалба.

Одлуката на ЕСЧП е донесена врз основа на тужби поднесени пред пандемијата Ковид-19, во периодот од 2013 до 2015 година, но тие би можеле да се ажурираат доколку има дискусија за вакцинирање деца против оваа заразна болест што предизвика глобална пандемија.

Чешките семејства апелираа до ЕСЧП против одлуките на националните судови затоа што запишувањето на нивните деца на подготвителниот час за основно училиште беше условено со вакцинирање или беа казнети за одбивање да ги вакцинираат своите деца од детски болести.

ЕСЧП во својата одлука вели дека нема повреда на Европската конвенција за човекови права.

Според чешкиот закон, децата мора да бидат вакцинирани против девет најчесто познати болести, како што се детска парализа, хепатитис Б, тетанус, сипаници, голема кашлица, освен ако не е медицински оправдано.

Чешките власти водеа политика на „легитимни здравствени цели, како и права кои наведуваат дека вакцинацијата ги штити и оние кои ја примаат вакцината и оние кои не можат да се вакцинираат од медицински причини“ и зависи од колективниот имунитет.

Чешките власти „настојуваа да постигнат легитимни цели за заштита на здравјето и правата на другите“, според ЕСЧП.

„Чешката здравствена политика е конзистентна во интерес на децата“, се додава во пресудата.