Два руски воени бомбардери Сухои се судриле за време на лет над рускиот Далечен Исток,  соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Авиони Су-34 летале без вооружување, а се судриле над Јапонско Море.

Руското Министерство за одбрана соопшти дела припадниците на екипажите од двата авиони се катапултирале, но се трага по нив.

Авион Антонов 12 и два хеликоптера Ми-8 трагаат по екипажите на авионите, а на терен се и спасувачки екипи, соопшти руското Министерство за одбрана.

Су-34 се воени авиони, тешки 45 тони и можат да носат осум тони оружје. Нивнииот тактички радиус е 4.000 километри. Су-34, исто така, може да се опреми со доплнителни три резервоари за гориво при што може да лета осум часа непрекинато.