Владата на Сомалија му нареди на претставникот на ООН во државата да ја напушти нејзината територија, откако го обвини дека „свесно се меша“ во нејзиниот „суверенитет“, јавува Франс прес.

Неколку дена порано претставникот на светската организација, Николас Хејсм, изрази вознемиреност од активностите на сомалиските безбедносни служби, потврдени од ООН. Бројните насилствата во државата земаа и човечки жртви.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ООН во Сомалија, Николас Хејмс, повеќе не е добредојден во Сомалија и не може да работи во државата, изјави преку коминике сомалиското министерство за надворешни работи.

Мисијата на ООН во Сомалија се уште не се јавила со реакција.

Хејсм, јужноафрикански адвокат и дипломат со искуство, на функцијата беше поставен во септември 2018 година. Пред тоа бил претставник на ООН во Судан и Јужен Судан.

Според податоците на ООН, сомалиските сили за безбедност биле искористени за да стават крај на тридневните протести во југозападниот град Бајдоа, што се одвивале од 13 до 15 декември, при што 15 лица биле убиени, а околу 300 биле уапсени. Мисијата на ООН е задолжена да ги поддржи мировните напори, како и владините институции во земјата, која со децении е зафатена со граѓанска војна.