Претседателката на Тајван Цај Инг-вен ја отфрли поканата на претседателот на Кина за обединување по принципот „една земја, два системи“.

Цај изјави дека Кина мора да се соочи со фактот за постоењето на Република Тајван.

Таа објави соопштение неколку часа откако кинескиот претседател Си Џипинг зборуваше за договорот со Тајван дека никој не може да го запре трендот кон обединување.

„Една земја, два системи“ е израз кој се однесува на рамката која е применета во Хонг Конг, кој стана дел од Кина, но задржа одреден степен на автономија.

Тајван и Кина се раздвоија во граѓанска војна која ги донесе комунистите на власт во Кина во 1949 година. Националистите воспоставија своја управа во Тајван, остров одалечен 160 километри од Кина.