Ракетата „Сојуз“, која полета од Француска Гвајана, успешно во орбитата ја лансираше Метеоп-Ц, метеоролошки сателит на европската агенција EUMETSAТ, одговорни за развојот на метеоролошките сателитски системи, извести комерцијалната компанија Арианспејс, која ги лансира сателитите.

Сојуз полета во средата во 1.47 часот по средноевропско време од лансирната станица во Синамарују во Француска Гвајана.

Следење на климатските промени

Сателитот Метоп-Ц е трет и последен сателит од програмата посветен на применета метеорологија, соопштија од Арианспејс. Мисија на сателитот е следење на метеоролошките прогнози од 12 часа до десет дена однапред и следење на климатските промени на глобално ниво.

Неуспешно лансирање од Бајконур

„Сојуз“ на 11 октомври имаше едно неуспешно лансирање од полигонот во Бајконур.


Неговиот лет кон Меѓународната вселенска станица, со астроанутите Ник Хаг и Алексеј Овчинин, е прекинат две минути по полетувањето, по што астронаутите автоматски се катапултираа од леталото.

Истрагата тогаш покажа дека станува збор за техничка грешка.