Сенаторот Берни Сандерс го нарече претседателот на САД Доналд Трамп патолошки лажго. Сандерс кој беше во игра и за претседателска номинација од редот на Демократите го обвини американскиот претседател за расистичка политика.

Имаме претседател кој е патолошки лажго и кој прави нешто што ниту еден претседател во мојот живот не го правел“, кажа Сандерс, сенатор од Вермонт, со повици на одобрување од своите поддржувачи. Наместо да ја обединиме американската нација, тој нас нѐ дели според бојата на кожата, според потеклото, според верата, родот, половата ориентација“, кажа Сандерс. Нашата задача е на тој претседател да му кажеме дека нема да толерираме политика која е расистичка и хомофобна, изјави Сандерс.

Тој синоќа по трет пат беше избран за член на Сенатот.