Во сицилијанскиот град Рагуза изби скандал откако се појави информација дека некои од шефовите на локална здравствена установа им овозможиле на своите роднини, пријатели и локални политичари да ја примат вакцината против коронавирусот преку ред.

Откако овие информации се појавија во јавноста, италијанските власти отворија истрага.

Истрагата утврди дека преку ред се вакцинирани сите членови на семејствата на некои шефови, доктори, пријатели, сопруги, ќерки и некои локални градоначалници.

Некои од нив се бранеле тврдејќи дека вакцините ги примиле за да не се фрли содржината на ампула од вакцината која веќе била отворена, пренесуваат италијанските медиуми.

Очигледно е дека постоела организација. Прекршителите ќе одговараат дисциплински во рамките на самата установа, но има работа и за судот, изјави директорот на здравствената установа, Анџело Аликво.

Од почетокот на пандемијата, во Италија се регистрирани 2,43 милиони заразени со коронавирус, а како последица на коронавирусот починаа 84,202 лица.