Белата куќа наведе дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја следи ситуацијата, додека Кремљ наведе дека претседателот на Русија, Владимир Путин е во разговор со постојаните членки на рускиот Совет за безбедност, откако ситуацијата во Венецуела излезе од контрола и започна воен пуч.

За ситуацијата во Венецуела денеска реагираше и претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, кој на Твитер напиша дека денеска „е историски момент за враќање на демократијата и слободата во Венецуела, што секогаш има поддршка од ЕП.

Опозиционерот Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза” од својот план да го смени претседателот Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро”.

„Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече тој.

Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.


Во меѓувреме, поддржувачи на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се собраа пред претседателската палата извикувајќи слогани за поддршка, додека тој изјави дека високи воени лидери го увериле во нивната лојалност и покрај повиците од опозицискиот лидер Хуан Гваидо војската да се побуни.

Во твитот кој денеска го напиша, Мадуро повикува на „максимална и масовна мобилизација како би се осигурала победата на мирот“.