И додека Венецуела е на раб на граѓанска војна откако самопрогласениот претседател Хуан Гвадидо најави „Операција слобода“, односно соборување на претседателот Николас Мадуро со воен удар, можно е состојбата уште повеќе да се заплетка со учество на странски платеници.

Ројтерс објави дека Ерик Принс, основачот на Блеквотер, компанија која нуди воени услуги и е блиска со претседателот Доналд Трамп, е подготвен во Венецуела да испрати 5.000 платеници кои би помогнале да сесобори Мадуро.

Според извештајот на Ројтерс, Принс изминатите месеци барал пари и политичка поддршка за наводните планови на поддржувачите на Трамп и на богатите Венецуелци во странство  Мадуро да биде соборен од власт.

Плановите отиѓле до таму што Принс планира даиспрати 5.000 платеници од Колумбија и од други јужноамерикански земји, во име на Хуан Гвадидо.