Земјотрес со силина од 5,2 степени според Рихтер ја погоди областа околу турското летовалиште, околу 6.20 часот изутринава.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт, епицентарот се наоѓал на околу 65 километри од брегот на Текирова, што се наоѓа во јужниот дел од Ривиерата на Анталија.

Според изјави од граѓаните на градот Кемер, ударот на земјотресот предизвикал треперење на зградите.

Анталија е едно од најпопуларните турски туристички центри, коешто секоја сезона го постуваат десетици илјади луѓе.