Агенцијата за статистика на Шведска соопшти дека секој нејзин жител минатата година заработил во просек 26.581 евра.
Сепак, приходот варира значително помеѓу градовите во таа земја. Предничи Стокхолм, чиишто неколку предградија се на врвот според просечната заработак.
Така, статистиката покажува дека најголема плата е забележана предградието на Стокхолм, Дандерид, каде што лани граѓаните заработувале во просек 35.547 евра. Освен ова предградие, на врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, повеќето во близина на главниот град Стокхолм.
Најниски годишни приходи се забележани во Хапаранди, Љуснарсберг, Арјанг и Ед.
Во соопштението се покажува и фактот дека мажите продолжуваат да заработуваат многу повеќе од жените, иако тој јаз во приходите полека се намалува.
Comments are closed for this post.