Астронаутите на НАСА, Кристина Кук и Ендрју Морган а напуштија Меѓународната вселенска станица за да извршат работни задачи во отворената Вселена. Тие двајца изведуваат замена на батериите на соларните антени на станицата.

Тие двајца ќе работат надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути – изјавија од агенцијата.

Планот на НАСА предвидува излегување во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември.

Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на Меѓународната вселенска станица.