Шведска ги продолжи препораките против неважни патувања во сите земји надвор од Европа до 15 април, се вели во денешното соопштение на Министерството за надворешни работи во Стокхолм.
Постои многу неизвесност и невозможно е да се предвиди кога ќе биде можно безбедно и слободно да се патува низ целиот свет поради пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици, соопшти шведското МНР.
Шведска уште на 14 март минатата година за првпат издаде препорака до населението да ги одложат непотребните патувања во сите земји поради ширењето на Ковид-19, но во меѓувреме ја повлече таквата мерка за многу земји во Европа.
Comments are closed for this post.