Владејачката партија во Грузија „Грузиски сон“ и партијата „Сила на народот“ по тридневните жестоки демонстрации на опозицијата најавија дека ќе го повлечат контроверзниот Закон за странски агенти.

Како причина за повлекување на законот ја наведоа потребата „да се намали конфронтацијата во општеството. Се започна вчера кога беше донесен спорниот закон. Следеше собир и судир со полицијата.

фото АП

Додека владејачката партија „Грузиски сон“ тврди едно, опозициската партија Гирчи – Повеќе слобода, како и претставници на голем број невладини организации најавија дека ќе продолжат со протестите и покрај повлекувањето на предлог-законот за странски агенти од парламентот.

Фото EPA

Грузискиот парламент на 7 март гласаше за законот за странски агенти, додека денеска требаше да гласа и за друг закон од овој пакет, „Законот за регистрација на странски агенти“.

За првиот закон гласаа дури 76 пратеници, а против беа само 13. Законите, меѓу другото, предвидуваат задолжителна регистрација на сите организации кои добиваат повеќе од 20% од финансиските средства од странство. Законот предизвика добро организирани насилни протести предводени од движењето „Народна моќ“.