Шпанските власти соопштија дека вчера во западниот дел на Средоземното Море спасиле 778 мигранти.

Службите за спасувачки операции на море на Твитер соопштија дека спасиле 590 луѓе кои пловеле со вкупно 12 бродови, додека цивилната стража соопшти дека спасила уште 188 мигранти кои патувале од северна Африка.

Според податоците на шпанското Министерство за внатрешни работи, од јануари во Шпанија пристигнале околу 50.000 илегални мигранти и бегалци со вкупно 2.000 бродови.

Од почетокот на годината, според Меѓународната организација за миграции, во Средоземното Море се удавиле над 600 мигранти кои се обиделе да стигнат до Шпанија.