Илјадници туниски граѓани синоќа излегоа на улиците на главниот град и го пробија безбедносниот кордон на одбележувањето на осмумгодишнината од смртта на левичарскиот политички лидер Џокри Балаид.

Не може да не се забележат сличности со „Шарената револуција“ во Македонија од 2016 година. Истата сценографија, фрлање бои, па дури и шминкање на девојки на штитот на полицајците.

Земјата навлезе во хаос кога Белаид беше убиен во неспоредна близина на неговиот дом , на 6 февруари 2013 година, а само шест месеци подоцна убиен беше уште еден левичарски политичар, Мохамед Брами.

Американските медиуми јавуваат дека за двете убиства досега никој не е осуден.

“Повеќе нема страв, повеќе нема терор„. „Улиците им припаѓаат на луѓето“. „Ние ја сакаме вистината за убиството на Белад”, извикуваа демонстрантите.

Лидерот на Работничката партија, Хама Хамами, ја обвини Исламската партија Енад, која  за време на убиствата беше на власт.

Полицијата синоќа затвори голема територија од центарот на главниот град Тунис и ги блокираше патишта за да го спречи најавениот протест, што вчера за првпат беше поддржан и од најголемиот синдикат на земјата, УГТТ, јавија британските медиуми.

Од средината на јануари во Тунис речиси секојдневно се оддржуваат протсети, а демонстрациите почнаа со годишнината од револуцијата, која во 2011 година предизвика серија немири низ целиот регион, попознати како „Арапската пролет