Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти нуклеарен договор со Северна Кореја ќе биде постигнат и покрај тоа што денеска Пјонгјанг истрела во море проектили со кус дострел.

Трамп на Твитер напиша дека верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „во целост го сфаќа големиот економски потенцијал на Северна Кореја и оти не би направил нешто за да го попречи или уништи”.

„Тој, исто така, знае дека сум со него и не сака да го прекрши ветувањето кое ми го даде. Договор ќе има”, напиша Трамп.

Вториот самит меѓу Ким и Трамп, посветен на денуклеаризацијата на Северна Кореја, се одржа во февруари и заврши без успех.

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја утрово истрелала повеќе ракети со кус дострел во правец на Јапонското Море. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека ниту една ракета не ја надлетала Јапонија