Убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било планирано, соопшти денеска главниот обвинител на Саудиска Арабија, шеик Сауд ал Муаџиб.

Осомничените за случајот Кашоги дејствувале со предумисла. Истрагата ќе продолжи, изјави Ал Муаџиб. 

Обвинителството добило податоци поднесени од заедничката саудиско-турска истражна група.


Вкупно 18 осомничени, сите Саудијци, беа успаени во Саудиска Арабија, меѓу нив четворица високо позиционирани членови на разузнавањето и советник на принцот Мухамед бин Салман.

По изјавата на главниот јавен обвинител, саудиските медиуми објавија дека престолонаследникот претседавал со денешната прва комисија за реструктуирање на разузнавачките служби.

Директорката на ЦИА, Џина Хасп, која оваа недела беше во посета на Истанбул, беше запозната со аудио-снимка за убиството на Кашоги, што е прв знак дека Анкара споделува информации, соопштија  два извора.