Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе порача ново оружје, на кое нема да му биде рамно ниту едно во светот.

Русија не се заканува никому и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола на вооружувањето”, рече Путин на состанокот пред постојаните членови на Советот за национална безбедност.

Изјавата на Путин беше кажана истиот ден кога НАТО во Норвешка ги започна најголемите воени вежби во светот од крајот на Студената војна, но и откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да ги повлече САД од договорот за контрола на нуклеарното оружје од 1987 година, поради, како што рече, руското кршење на пактот.