„Актуелната политичка елита е најголем непријател на Европската унија, а не популистите, кои грешно се етикетирани како антиевропејци“, изјави лидерот на крајната десна лига Матео Салвини, во очи на самитот на европските националисти од 11 земји.

Италијанскиот потпретседател на владата, за денеска најави формирање на десничарска коалиција на партиите во Европа на т.н. Суверенисти. Идејата на Салвини е да се обединат за да го вратат, како што вели стариот сјај на стариот континент-Европа.

„Јас сум поголем Европеец од лидерите на оваа сегашна Европа“,изјави Салвини кој најави дека ова ќе го соопшти на голем собир на плоштадот во Милано, на кој се очекуваат најмалку 100.000 луѓе.

На десничарскиот собир најавено е присуството на Марин ле Пен, а можеби ќе дојде и Виктор Орбан. Пред извесно време Салвини во Рим имаше средба и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Паралелно со овој собир ќе се одржи контра собир на противниците кои се организираат на социјалните мрежи. Велат, ќе се спротистават на враќањето на национализмот и фашистичките идеи во Италија и пошироко во земјите од Европа.