Американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година ја отслужи втората година од неговиот четиригодишен мандат.

Како и веднаш по доаѓањето, и втората година од неговото владеење го одбележаа голем бројк контроверзни одлуки.

Ова се најважните настани што се случија во САД под водство на Трамп во 2018 година.

Јануари

** Владата прекина со работа три дена, од 20 јануари напладне

** Неколку денови подоцна, Трамп го имаше првото обраќање за „состојбата на нацијата“. Потоа, ги обвини демократите дека испраќаат „лоша енергија“ и дека се „предавници“, бидејќи не ракоплескале за време на неговиот говор.

Февруари

** Мајкл Коен, долгогодишен личен адвокат на Трамп призна дека и платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, која тврди дека имала љубовна афера со Трамп.

** Републиканци во Претставничкиот дом објавија таен документ со обвинувања до Русија за обиди за влијание.

** Администрацијата повторно е блокирана, овојпат само неколку часови.

** Хоуп Хикс, диркеторка за комуникации, на истражители им изјави дека нејзината работа со Трамп во одредени моменти бара да кажува лаги. Неколку дена подоцна поднесе оставка.

Март

** Државниот секретар Рекс Тилерсон беше разрешен и заменет со Мајк Помпео, додека Х.Р. Мекмастер, советник на Трамп за национална безбедност, беше приморан да поднесе оставка и на негово место е назначен Џон Болтон.

** Специјалниот обвинител Роберт Малер побара од компанијата на Трамп документи, меѓу кои и такви што се однесуваат на врските со Русија.

** Џон Довд поднесе оставка како адвокат на Трамп во истрагата на специјалниот обвинител.

Април

** Трамп тврди дека не знаел за плаќањата кон Сторми Даниелс.

** ФБИ упадна во домот на Мајкл Коен, адвокат на Трамп. Трамп го оквалификува тоа како „срамно“.

** САД, Велика Британија и Франција извршија воздушни напади врз делови од Сирија, поради наводен напад со хемиско оружје.

Мај

** Трамп ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор.

** Одлучено е Американската амбасада во Израел да се пресели од Тел Авив во Ерусалим. Истиот ден, почнаа масовни протести на границата со Газа.

** Одделот за внатрешна безбедност прифати политика на нулта толеранција” за имиграцијата, предизвикувајќи присилна поделба на мигрантски семејства на границата.

Јуни

** По силен политички притисок, Трамп потпишува извршна наредба за прекин на поделби на семејствата на имигрантите на границата.

** Трамп на средба со севенокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур, разговараше за уништување на нуклеарниот арсенал на Пјонгјанг.

Јули

** Министерството за правда подигна обвинение за 12 руски разузнавачки офицери за хакерски напади за време на американските претседателски избори во 2016 година. Тие се обвинети за хакирање на компјутерската мрежа на Демократскиот национален комитет и изборниот штаб на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.

** Шефот на Агенцијата за заштита на животната средина, Скот Пруит поднесе оставка. Трамп ја прифати оставката, но не спомена за бројните негови скандали и неетички прекршоци за кои го обвинуваше американската јавност.

** Трамп го номинираша Брет Кавано за судија во Врховниот суд. Тој стапи на функцијата во октомври и порај серијата обвинувања за сексуално насилство врз жени.

Август

** Пол Манафорт, поранешен шеф на кампањата на Трамп, е обвинет и подоцна и прогласен за воновен за даночна и банкарска измама и непријавување банкарски сметки во странство. Тој имал повеќе од 30 сметки во три држави во странство, каде криел приходи од Украина.

** Почина републиканскиот сенатор Џон Мекејн. Трамп не беше поканет на погребот.

** Поранешниот долгогодишен адвокат на Трамп, Мајкл Коен се изјасни за виновен за кршење на законот за финансирање кампања и други обвинувања. Тој наведе дека организирал исплати за да влијае врз претседтаелските избори во 2016 година. Признанието на Коен е поврзано со пари кои за време на предизборната кампања ги исплатил на љубовници на Трамп. Во декеммври беше осуден на три години затвор.

** Анкети: 60 отсто Американци не го поддржуваат Трамп, нов максимум во истражувањата на јавното мислење.

Септември

** Администрацијата на Трамп, Мексико и Канада преговараат за нов трговски договор како замена за НАФТА, наречен САД-Мексико-Канада Договор (УСМЦА).

** Член на Администрацијата на Трамп, кој нагласува дека е на висока функција, објавува напис во „Њујорк тајмс“ во кој тврди дека е „член на отпорот“ во Белата куќа.

** Трамп воведе нови царини од 10 отсто за кинески производи вредни 200 милијарди долари.

Октомври

** Невработеноста во САД е намалена на 3,7 отсто

** Маж од Флорида е уапсен откако испраќал писма бомби до лица критички настроени кон Трамп, меѓу кои и до поранешниот претседател Барак Обама, поранешниот потпретседател Џо Бајден, актерот Робет Де Ниро и Си-Ен-Ен.

** Ники Хејли преку писмо го известува Трамп дека се повлекува од функцијата амбасадор на САД во ОН.

Ноември

** На изборите за Конгресот, демократите преземаат контрола врз Претставничкиот дом, а републиканците го зголемуваат мнозинството во Сенатот.

** Државниот обвинител Џеф Сешнс поднесе оставка, тврдејќи дека се повлекува на барање на Трамп. Вршител на должноста обвинител станува Мет Витекер. Следниот месец Трамп на таа функција го назначува Вилијам Бар.

** Почина Џорџ Буш Постариот, 41-от американски претседател. Трамп го повикаа да присуствува на погребот, но не и да оджри говор.

Декември

** Трамп објави дека Џон Кели, шеф на Кабинетот, заминува од функцијата. Мик Мулвани ја презема неговата функција. Секретарот за внатрешна безбедност Рајан Зинки, исто така, е сменет. Зинки се соочува со федерална истрага за малверзации со патувања и политички активности.

** Хедер Нојерт, номинирана за нов амбасадор на САД во ОН на местото на Ники Хејли

** Трамп објави победа над ИД во Сирија и нареди повлекување на американските војници од земјата, како и на половина од силите во Авганистан. Следниот ден оставка поднесе секретарот за одбрана Џим Матис со образложение дека со Трамп имаат различни ставови. Заменикот министер за одбрана Патрик Шанахан станува в.д. министер за одбрана.