Симболичната топката, што се спушта на Тајмс сквер во Њујорк за Нова година е украсена со серија нови кристали. Секоја година на неа се ставаат десетици рачно изработени кристални фигури. Новите кристали симболизираат хармонија, што годинава ќе биде основна тема на прославата.

Темата за годинава е токму зад мене. Тоа е хармонијата. Поставивме 192 триаголни кристали на топката. Секоја година имаме нов модел. Темата „Подарок на хармонијата“ е идеална. По година на делби, сите ние ќе ја пречекаме Новата година и ќе ги одбројуваме последните секунди од старата-заедно и со надеж во иднината, изјави Џефри Строс, продуцент на новогодишната ноќ на Тајмс сквер.

Специјално за настанот во Њујорк, секој кристал е рачно изработен во Ирска. Новите додатоци се брусени како розети за да можат хармонично да ги прелеваат кристалите еден во друг, унисоно со основната тема. Пред хармонијата, теми на претстојните нови години биле спокојството, добрината, чудата, силата на духот и имагинацијата… Серијата ќе биде завршена кога „подароците“ ќе бидат десет на број.

Традицијата со спуштањето на топката на Тајмс сквер е стара повеќе од еден век. Првично таа била од дрво и од железо, а била осветлувана со обични сијалици. Во 1999 година, во чест на новиот милениум, била изработена од кристал. Секоја година спектаклот со спуштањето на топката на Тајмс сквер привлекува огромен број туристи, а годинава се очекува да бидат над еден милион.