Фонд за идната власт во Венецуела од 10 милијарди долари планираат да основаат САД и други земји кои дадоа поддршка на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо.

„Фондот ќе им биде наменет за идните власти на Венецуела за придвижување на економијата“, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Тој истакна дека иницијативата е покрената во четвртокот, на средбата на претставниците на 19 држави на маргините на пролетниот состанок на ММФ и Светска банка. Меѓу присутните земји биле Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада.

“Кога и да учествувам на состанок од ваков тип не можам да верувам колку е влошена состојбата на Венецуелците“, нагласи Мнучин.