Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг ќе го потпишат договорот за решавање на трговскиот конфликт меѓу двете земји на 27 март на Флорида. Преговорите за комплетирање на таквиот договор се во завршна фаза, пишува весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Во рамки на договорот, Кина ќе ги намали царината за увоз од САД, вклучувајќи земјоделски производи, автомобили и производи од хемиската индустрија. Вашингтон како одговор постепено ќе ги повлекува казнените царини воведени на кинескиот увоз. Дел од договорот би можело да биде и набавка на американски течен гас во вредност од 18 милијарди долари од Пекинг.

Според претставниците на двете земји, постигнат е „суштински напредок“, но и американското и кинеското раководство се незадоволни бидејќи сметаат дека условите за другата страна се многу поповолни.