Холандскиот премиер Марк Руте кој денеска е во Македонија има слична состојба како Заев. И тој во јануари годинава си поднесе оставка но не си замина од функцијата.

Целата холандска влада поднесе оставка поради скандалот во кој илјадници семејства беа неправедно обвинети за проневера на детски додаток, по што од нив беше побарано да ги вратат парите.

На семејствата им беше нанесена „невидена неправда“, а даночните службеници, политичарите, судиите и државните службеници ги ставија во беспомошна положба, одлучија холандските пратеници.

Многу од овие семејства се со имигрантско потекло, а стотици луѓе паднаа во финансиска криза.

Руте ja поднесе својата оставка дури и пред кралот.