Демонстрантите од движењето „Жолти елеци“ маршираат низ Елисејските полиња во центарот на Париз, а силното присуство на полицијата се обидува да ги потисне. На лиците низ француската престолнина распоредени се 8.000 полицајци, па дури и оклопни возила прв пат по повеќе од деценија. Уапсени се повеќе лица.