На космодромот Плесек, на кој се спроведуваат тестирања, извршено е во 11:31 часот по московско време лансирање на интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво „јарс“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Ракетата ја погодила зададената мета – полигонот Куру на полуостровот Камчатка.
Од руското министерство за одбрана укажаа дека целта на лансирањето е „потврда на тактичко-техничките и летечки карактеристики“. Во пролетта 2018 три единици на стратешките ракетни сили почнаа да ги користат мобилните објекти „јарс“.
Comments are closed for this post.