Материјалната вредност на откриените корупциски престапи во Русија во текот на минатата година е зголемена од 39,6 на 65,7 милијарди рубљи или над 1 милијарда долари, покажува извештајот на главниот обвинител, Јуриј Чајка, пренесува РИА Новости.
На годишно ниво, зголемувањето изнесува 66 отсто, прецизираше Чајка.
Тој појасни дека работата на намалувањето на последиците од корупцијата станала поефикасна. Во текот на 2018 година обвинителството успеало да ги намали штетите преку директна продажба на незаконски стекнат имот во висина од 46,5 милијарди рубљи, што му е овозможено со законските измени.
Comments are closed for this post.