Национализираниот стан на семејството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и други национализирани предмети на Крим, ќе бидат ставени на аукција, а средствата ќе бидат наменети за помош на борците во војната.

Станот на Зеленски е национализиран и сега е во сопственост на државата. Одлуката за национализација на голем број големи згради во сопственост на украински олигарси на Крим беше донесена денеска на седница на Кримскиот парламент.

Национализацијата го опфати и недвижниот имот на семејството на Володимир Зеленски во Ливадија, на јужниот брег на Крим.