Евгениј Пригожин, сопственик на платеничката компанија Вагнер а поголем дел од војниците се регрутирани од затворите во Русија.

Се верува дека повеќето од нив се искусни поранешни војници, вклучително и некои од елитните руски единици..МЕѓу нив постои строга хиерархија, а профитот е на прво место, без разлика за кого се борат.

Како е основана групацијата Вагнер?

Истрагата на Би-Би-Си за групата Вагнер укажа на најверојатната вмешаност на педесет и едногодишниот поранешен офицер на руската армија Дмитриј Уткин..

Се верува дека тој го основал Вагнер и ѝ го дал името на групата – неговото поранешно кодно име.Тој е ветеран од војните во Чеченија, поранешен офицер на специјалните сили и потполковник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба.

На чело на групата денеска е Евгениј Пригожин, богат бизнисмен од Санкт Петербург, кој го доби прекарот „готвачот на Путин“ затоа што доставувал храна и пијалоци за официјални настани во Кремљ.