Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети руските трупи вклучени во воената операција во Украина, јавија денеска руските медиуми, и тоа е негово прво појавување во јавноста по бунтот викендов на паравоената група Вагнер.

Платениците предводени од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, напредуваа кон Москва за да го отстранат, како што го нарекоа, корумпираното и неспособно руско воено раководство, пред ненадејно да се упатат назад во областа контролирана од Русија во источна Украина по договорот со Кремљ со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко